Нашата приказна
Матица македонска е основана во 1991 година, 45 дена пред референдумот за самостојност на Република Северна Македонија. Нејзин основач и сопственик е поетот Раде Силјан. Како една од првите приватни компании од областа на културата во Македонија, започна со неколку наслови од македонското културно наследство и етнологија..
Наша мисија.
Нашата мисија е да го негуваме македонското книжевно и културно наследство и да ја поттикнеме љубовта кон книгата и знаењето.
Квалитет и традиција.
Квалитетот и традицијата се темелите врз кои ја градиме нашата репутација. Секое издание носи грижа за деталите, почит кон авторот и посветеност кон читателот.
Наше наследство.
Од првите изданија до денес, Матица е чувар на македонскиот дух и културен идентитет. Продолжуваме да градиме вредности што ќе траат и во иднината.
Клуб Матица
35 Години Матица македонска
Со гордост одбележуваме 35 години успешно работење и придонес кон македонската книжевност и култура
Нашите продавници
Продавница 1
Булевар Климент Охридски бр. 23
Скопје, Македонија
Понеделник-петок 8-21ч.
Сабота 9-16ч.
Продавница 2

Раде Силјан
основач
Раде Силјан (род. 1950, с. Жван, Демир Хисар) е истакнат македонски поет, есеист и книжевен дејател. Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар и уредник во повеќе медиуми, а подоцна бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на издавачката куќа „Македонска книга“. Тој е основач и директор на „Матица македонска“, една од најзначајните издавачки куќи во земјата.
Член е на ДПМ од 1982 година и двапати бил негов претседател. Активен е и во меѓународната книжевна сцена: член е на Македонскиот ПЕН центар, на Сојузот на литературните преведувачи, како и на академиите „Михај Еминеску“ (Романија) и Славјанската академија (Бугарија).
Автор е на бројни поетски и есесистички дела, а неговите книги се преведени на повеќе од 18 јазици, меѓу кои англиски, руски, турски, грчки, италијански и полски.

