Светската критика за делото на Конески

Светската критика за делото на Конески

Автор: Раде Силјан

„ Светската критика за делото на Конески“ презентира триесет текстови од истакнати писатели, критичари и научници од други земји кои во суперлативи пишуваат за творештвото на Блаже Конески. Помеѓу нив се и англичаните Ана Пенингтон и Андру Харви, потоа Манфред Јенихен, Јон Милош,Цилина Јуда, Владимир Кржиж, Дагларџа, Хусто Хорхе Падрон, Золтан Чука и Костас Валетас. Во книгата се опфатени осврти за Конески од автори од Велика Британија, Германија, Франција, Унгарија, Грција ,Шпанија, Италија, Турција, Русија, Полска, Чешка, Данска, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија и др.