Најчесто поставувани прашања

Клуб Матица Инфо
Online нарачки

Нарачувањето online е мошне едноставно. Одбери ги книгите што сакаш да ги купиш, стави ги во кошничка и изрши плаќање со картичка. Целосната постапка со чекори за нарачка е тука.

Контактирај нè веднаш на телефонскиот број 02 3 22 11 38, или на email, [email protected]. Нарачката може да биде откажана само доколку сè уште не е процесирана.

Кликни на иконата за профил во горниот десен агол, а потоа на „Заборавена лозинка?“. Во твоето email сандаче ќе добиеш инструкции за ресетирање на лозинката.

Кликни на иконата за профил во горниот десен агол. Кликни на копчето „Направи профил“. Внеси го твојот email и кликни на „Направи профил“, што веднаш ќе те логира на твојот профил. Во твоето email сандаче ќе стигне лозинка за најава.

Потврда за успешна нарачка ќе добиеш на внесениот email.

Откако ќе нарачаш ваучер, на твојот email ќе биде испратен код со парична вредност на вкупната избрана сума.

Купените ваучери немаат рок на важност и можеш да ги подариш или искористиш при купување на сите продукти во нашата книжарница.

При купување со ваучер, доколку не ја искористиш целата парична вредност наеднаш, остатокот не може да биде сочуван или префрлен.

Доколку си дел од нашето семејтво и поседуваш Клуб Матица членска карта, твоите привилегии важат и со купен ваучер.

Да, притисни на иконата срце веднаш до книгата што сакаш да ја зачуваш.

Не е задолжително да имаш профил за нарачка, но мора да внесеш email и лични податоци за достава.

Внеси го кодот на купонот во кошничката пред да продолжиш со плаќање. Доколку купонот е валиден, сумата веднаш ќе биде пресметана.

Купоните имаат рок на истекување после кој не се валидни. Одредени купони не може да се комбинираат со останати попусти и промоции. За повеќе инфо секогаш можеш да не побараш на тел. 02 3 22 11 38, или на email, [email protected].

Плаќање и достава

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Во согласност со можностите, наша цел е сите книги да бидат доставени во најкус можен рок. Предвидено време за испорака е 72 часа од моментот на потврдa на нарачката. За време на одредени акции при кои интересот е поголем, доставата на може да земе 10-14 дена од денот на порачувањето.

За сите нарачки со износ над 800 денари следи бесплатна достава.

Нема минимален износ за нарачка.

Купувањето преку нашата интернет страница е возможно од било кој дел на светот, но испораката можеме да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија.

Испорака се врши во сите денови освен во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници.

150 денари.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна во текот на следниот работен ден. Штом добиеме потврда за успешната трансакција, периодот за испорака започнува да тече.
Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, процесот започнува во првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Плаќањето се врши online со платежна картичка.

На адреса за испорака која ќе ја наведеш при нарачка. Доставата ќе биде извршена до твојата влезна врата, или да ја преземеш од локалната база на нашите соработници.

Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Политика за замена

Рекламација на книга можеш да направиш кога станува збор за погрешно испратена, фалична или на друг начин оштетена книга. Рекламацијата треба да ја испратиш на [email protected] во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Контакт

Понеделник – петок: 8:00 – 21:00ч.
Сабота: 9:00 – 16:00ч. 
Недела: затворено

На телефонскиот број 02 3 22 11 38 или на email: [email protected]

• Булевар Свети Климент Охридски 23, Скопје 1000 Република Северна Македонија
• Ѓуро Стругар бр. 13, Скопје 1000 Република Северна Македонија