Општи услови за користење

Клуб Матица Инфо

Ве молиме да ги прочитате овие Општи услови внимателно пред да ја користите нашата веб страница. Доколку се регистрирате и направите нарачки, се смета дека сте запознаен со овие општи услоови, се согласувате со истите, целосно ги прифаќате и имате обврска да ги почитувате овие Услови и правила. Во случај да овие општи услови се неприфатливи за Вас, Ве молиме да не ја користите нашата веб страница.

Овие ОПШТИ УСЛОВИ ја регулираат правната врска помеѓу МАТИЦА МАКЕДОНСКА како сопственик на веб страната www.matica.com.mk  од една страна и Корисниците/потрошувачите на веб страници и услуги кои се наоѓаат на нашата веб страна.

Податоци за правното лице

Книгоиздателство МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје е правно лице основано во Република Северна Македонија, со седиште на Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје, со ЕДБ 4030991163493 и ЕМБС 4260830, со телефон бр. 070460015 .

Општи одредби

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) сакаме да Ве известиме дека:

  • продажбата преку интернет на нашата веб страница се извршува во рамките на нашата регистрирана дејност издавање и продажба на книги;
  • купувањето преку интернет на нашата веб страница се смета како договор склучен на далечина;
  • продажната цена и количината на производите се истакнати на секој производ засебно;
  • цените за сите физички лица се со пресметан ДДВ;
  • не постои минимален износ за порачка;
  • купените производи се испорачуваат до предвидената адреса во рок од 72 часа, освен доколку нарачката е направена за време на викенд, рокот започнува да се смета од првиот нареден работен ден. Времето за викенд (сабота и недела) не се засметува во рокот за испорака;
  • Доколку има активни промоции, постои можност Вашите производи да бидат испорачани во рок од 10-14 работни дена.
  • потрошувачот кој направил успешна нарачка во случај да не е извршено плаќање, се обврзува дека ќе ја плати договорената сума;
  • потрошувачот е должен да го провери производот при испораката и евентуални дефекти да ги пријави во рок од 24 часа на [email protected] ;
  • потрошувачот има право да бара замена на производот доколку му е доставен различен производ од порачаниот;
  • потрошувачот има право да се повлече од договорот склучен на далечина во рок од 14 дена.
  • Во случај на раскинување на договорот на далечина (повлекување) дирекниот трошок на враќањето на производот е на товар на потрошувачот.
  • Матица Македонска е должна да ги врати паричните средства примени од страна на потрошувачот без непотребно одлагање во рок од 14 дена од денот кога потрошувачот го известил трговецот (Матица Македонска) за одлуката за повлекување од договорот.
  • Во случај на повлекување на договорот Матица Македонска може да се воздржи од враќање на парите додека потрошувачот не достави доказ дека ги вратил производите.
  • Матица Македонска е одговорна за штетата што евентуално ќе е предизвикана од недостатоците на нејзините производи.
  • Во случај да производот има недостатоци, потрошувачот може по свој избор да бара:
    • бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
    • сразмерно намалување на продажната цена;
    • замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип,
    • индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
    • замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип,
    • индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и
    • – раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.
  • Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален. Барањето, потрошувачот по свој избор може да го поднесе пред надлежниот инспекциски орган или до трговецот или до дистрибутерот, во местото на купување на производот или во местото на своето живеалиште.

Права од интелектуална сопственост

Матица Македонска е носител на правата од авторско право на целата веб страна www.matica.com.mk  како и нејзините содржини. Не е дозволено било какво копирање, споделување, објавување или користење на овие содржини за комерцијални цели без писмена согласност од страна на Матица Македонска.

Прекршувањето на овие одредби е казнивно согласно Законот за авторски и сродни права, Законот за индустриска сопственост и Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Плаќање и достава

Условите за плаќањето и доставата може да ги најдете тука.

Рекламации

Откако ќе Ви биде доставена нарачката, потрошувачот е должен да ја провери нарачката и доколку на неа има видливи оштетувања или производот не е во согласност нарачка, ве молиме да не известите телефонски 02/3221138 или пак да ни пратите е-маил со Вашето име, презиме, телефон и број на нарачка на [email protected] со тоа што должни сте да ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.

Потрошувачот е должен да не контактира најдоцна во рок од 24 часа од приемот на нарачката. Откако ќе го примиме Вашето барање, Вие ќе известени за понатамошните чекори во најкраток можен рок.

Трошоците за замена на производи се на товар на потрошувачот, освен кога купувачот добил погрешен производ. За да може да ја вратите или пак замените нарачката, задолжително мора истата да не биде оштетена и спакувана во првичното пакување заедно со фактура, фискална сметка или пак со потврда за нарачка преку е-маил.

Потрошувачот има право да побара замена на производот или поврат на средствата во рок од 15 дена.

Матица Македонска е должна да одговори на секое барање за замена на производот или поврат на средствата во најкраток можен рок.

Во случај на нарачка преку веб страницата, потрошувачот има право да се откаже од нарачката во рок од 14 дена по направената нарачка кога станува збор за договор за продажба на производи кај купувачот или кај лицето кое што потрошувачот го овластил за прием на стоката, без наведување на причини и додатни трошоци, освен трошоците за враќање на стоката.

Матица Македонска ги надоместува сите плаќања примени од страна на потрошувачот, евентуално вклучувајќи ги трошоците за испорака (зависно од секој случај), без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот во согласност со одредбите на Законот за заштита на потрошувачите.

Продавачот извршува враќање на средствата на сметката на купувачот, додека купувачот за овој поврат на средства не сноси никакви дополнителни трошоци. Продавачот може да го одложи враќањето на средствата се додека не ја добие стоката што се враќа

Процес на регистрација и најавување на нашата веб страница

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за исполнување на договорната обврска на контролорот т.е. за успешна достава на производите и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Личните податоци кои секој корисник/потрошувач ги внесува при регистрација  на нашата веб страница за кориснички профил се:

  • Име;
  • Презиме;
  • Е-маил;
  • Лозинка;
  • Телефонски број;
  • Град,
  • Адреса.

Напред наведените личните податоци со исклучок на е-маил адресата се внесуваат откако корисникот ќе се регистрира, а заради вршење на испорака на нарачката на корисникот.

Личните податоци кои секој регистриран корисник/потрошувач ги внесува при најава на нашата веб страница се корисничко име/е-маил и лозинка.

Овие лични податоци ние ги користиме исклучиво за исполнување на нашите договорни обврски, т.е. испорака на Вашите нарачани производи.

Исклучиво потрошувачот има пристап до неговиот кориснички профил и ние не ги знаеме Вашите лозинки, туку тие се криптирани. Исто така, лозинката може да ја промените во било кое време.

Исто така, Вашата е-маил адреса ја користиме за целите на директен маркетинг кои ги врши Матица, и за кој има донесено и технички и организациски мерки за безбедноста на Вашите лични податоци.

За целите на директен маркетинг, потребно е да ја добиеме Вашата експлицитна и недвосмислена согласност со селектирање на опција за добивање на известувања за промоции за што Ви даваме избор кога ја вршите регистрацијата на Вашиот профил на www.matica.com.mk со селектирање на опцијата „Сакам да добивам известувања за промоции и новости“. Доколку ја селектирате таа опција, Вие станувате дел од нашата база на корисници за директен маркетинг и ќе бидете известувани во иднина за нашите промотивни настани, промоции и новости.

Во било кое време Вие можете да ја повлечете Вашата согласност за маркетинг цели и ние веднаш ќе постапиме согласно Вашето повлечено барање и нема да продолжиме да ја користиме Вашата е-маил адреса за маркетинг цели и истата ќе биде избришана од страна на третата страна која го врши нашиот маркетинг.Повлекувањето на Вашата согласност може да го извршите преку е-пошта [email protected] или со поднесување на писмено барање до нашето седиште на Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Ние ги чуваме Вашите лични податоци само  колку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани, да ги задоволиме Вашите потреби и барања или да ги почитуваме нашите законски обврски за исполнување на договорите кои ги имаме склучено со Вас.

Исто така, Вашите лични податоци може да ги задржиме и откако ќе се исполни целта за која се собрани, доколку тоа се бара со Законот за заштита на лични податоци или со друг закон или доколку се води било каква постапка пред надлежните органи.

Доколку имате дадено експлицитна согласност за директен маркетинг, ние ќе ги задржиме Вашите лични информации сè додека не ја откажете Вашата согласност или не побарате од нас да ги избришеме личните информации и да го прекинеме известувањето.

Политика на приватност

Матица Македонска ја почитува приватноста на потрошувачите како едно Вашите основни права, па со оглед на тоа се грижиме за Вашите лични податоци со должно внимание.

Сите посредувани информации се сигурни, за што имаме склучено и договори со добавувачите и тие под ниту еден услов нема да бидат отстапени на трети лица.

Сите информации кои ги споделуваме со трети лица се со цел Матица Македонска да ја исполни својата договорна обврска кон потрошувачите во врска со испораката на производите. Исто така, за потребите на користење на информации за директен маркетинг, како и за дополнителни информации за тоа кои лични податоци ги собираме од Вас и за кои цели, Ве молиме да ја прочитате нашата политика за приватност.

Промена на општите услови

Било каква промена на овие општи услови како и промена на политиката на приватност, ќе биде извршена согласно законите и за било која промена сите потрошувачи ќе бидат известени преку е-маил известување.

Овие општи услови се последно ажурирани на ден 12 август 2021 година.