Госпоѓа Бовари

Госпоѓа Бовари

Автор: Густав Флобер

200 ден 400 ден

Романот Госпоѓа Бовари е еден од најпопуларните романи на Флобер. Тој има извршено силно влијание врз разни сфери на европската култура и уметност (книжевност, филм, опера, графички роман или стрип, психологија). Овој роман станува култен љубовен роман (заедно со Ана Каренина на Толстој), а неговиот главен лик, госпоѓата Бовари е пример на една незадоволна сопруга, која своите романтичарски мечти и илузии ги става пред капиталистичката реалност и, во тоа свое игнорирање на суровата стварност, станува жртва и на сопствените мечти и на стварноста. Отпорот на госпоѓата Бовари да се вклопи во реалноста, да се помири со фактот дека е мажена со лекар од ниската социјална класа и дека не може да си го дозволи луксузот на високата класа (од самиот почеток на XIX век), ја води кон пропаст, кон психолошки и егзистенцијален дебакл.