Вистински растроен негативец се соочува со единствената жена која може да го спречи во намерата повторно да убие, д-р Кетрин Кордел. Ноќе, тој тивко влегува во спалните соби на своите жртви кои немаат претстава дека наскоро ќе се разбудат во вистински кошмар. Прецизноста на методите на убиецот зборуваат за неговото медицинско образование, поради што дневните весници набргу му го даваат името Хирург. Две години претходно, д-р Кетрин Кордел се спотивставила и успеала да го убие напаѓачот пред тој да го реализира својот план. Сега, овој нов убиец го повторува, застрашувачки точно сето она што го искусила Кордел. Со секое ново убиство , се чини како убиецот да и` се потсмева и да и` се приближува, од болницата каде работи до нејзиниот дом. Единствената надеж ја добива од Томас Мур, детективот што го води случајот. Но, дури и тој не може да ја заштити од генијалниот злосторник кој на одреден начин ги разбира и најсуптилните стравови на секоја жена што ја убива и ужива во истите.
ХИРУРГОТ-МАТИЦА
450 ден
На залиха
Book Author |
---|