• ГРОБОТ НА ПЛАНИНАТА

    Уште едно прекрасно дело од серијалот за криминалистичкиот профајлер Себастијан Бергман. Ова е приказна за две жени кои планинарејќи ќе се загубат откривајќи коски од човечка рака. Локалната полиција  пристигнува на местото на злосторството, но не наоѓа едно туку шест тела. Помеѓу скелетите се и две деца, сите убиени со истрели во главата. Не постои сведок, нема траги и никој не пријавил исчезнување.Истрагата ја презема Торкел Хеглунд, а повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да пронајдат трага, некој на висока положба по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…

    330 ден550 ден
  • ДЕВОЈЧЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ

    Кога во едно мало, прекрасно гратче во Торсби, Шведска ќе се случи брутално убиство на две деца и нивните родители – Себастијан Бергман,психолог и криминолошки профилер од Националниот оддел за убиства е единствениот кој може да ја реши мистеријата. Сепак, овој неприкосновен стручњак и член на „Риксморд“ тимот, ќе се најде во ќорсокак бидејќи нема осомничени.Но, ќе открие дека постои еден сведок: девојчето Никол, роднина на починатите деца, кое видело што се случило, но побегнало, стравувајќи за својот живот.Исчезната е веќе три дена, а трагите водат во шумата позади куќата. И убиецот и полицијата ќе направат се* за да ја пронајдат, тргнувајќи секој од својата цел. Полицијата е свесна дека мора да ја пронајде пред да биде предоцна, и затоа бара помош од јавноста. Но, тоа е меч со две острици. Трката со времето започна…

    Трилер каков досега не сте прочитале, интригантен и загадочен до последната страница.

    249 ден390 ден