• ТЕОДОРА

    Осудена на живот на актерка и блудница не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во којишто ја фрлила татковата смрт, Теодора израснува бво сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата туку и да ги закопува длабоко во себе.Со доаѓањето во византиската палата се чини дека се остварени сите амбиции на Теодора. Но, византиската царица дури тогашќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба. Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство, Стела Дафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величенственоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.

    490 ден