ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
“33 години, 99 награди Матица Македонска”

Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Северна Македонија бр.24/2011 и сите измени и дополненија, МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје  на ден 16.11.2023 г. ги донесе следните правила со кои се утврдуваат општите услови за приредување на наградна игра „33 години, 99 награди Матица Македонска“ во понатамошниот текст: наградна игра), со кои се определуваат начинот, постапката за учество, условите за учество и извлекувањето на наградите за наградната игра што ја организира МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје.

1. Назив и седиште на трговското друштво кое е организатор на наградната игра

МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје со седиште на Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје, со ЕДБ 4030991163493 и ЕМБС 4260830.

2. Назначување на производите и услугите заради чие рекламирање се приредува наградната игра

„33 години, 99 награди Матица Македонска“ е наградна игра чија цел е рекламирање на производите од брендот Матица Македонска.

3. Име, опис и времетраење на наградната игра

Името на наградната игра е „33 години, 99 награди Матица Македонска“. Тоа е наградна игра во која што учествува единствениот број на нарачка процесирана на веб страната на Матица Македонска (https://matica.com.mk) и уникатен број на фискална сметка за производи купени во физичките локации на Матица Македонска што заедно со пополнет награден купон се оставаат на истите локации во специјално наменета обележана кутија за наградната игра.

Физичките локации на Матица Македонска ги вклучуваат двете продавници и тоа:

  1. Клуб Матица на Бул. Св. Климент Охридски, број 23, Скопје
  2. Матица Ексклузив на ул. Ѓуро Стругар, број 13-б, Скопје


Условот за учество во наградната игра е реализирана нарачка со минимален износ од најмалку 1,999 денари + ДДВ процесирана на веб страната на Матица Македонска или по основ на издадена фискална сметка на направена нарачка на било која од двете физички локации на Матица Македонска.
Во наградната игра учествуваат сите книги на Матица Македонска достапни на веб-страната и на физичките локации во времетраењето на наградната игра. Наградната игра започнува на 15.12.2023 и ќе трае до 29.02.2024 година.

4. Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра

Право на учество се стекнува на два начина и тоа со:

  1. Процесирање и реализирање на нарачка на веб-страната на Матица Македонска https://matica.com.mk преку автоматско прибирање на единствениот број на нарачка на секој купувач преку што се генерира онлајн фактура како прв начин;
  2. Купување на производи на физичките локации на Матица Македонска и пополнување на наградниот купон по основ на издадена фискална сметка и негово оставање во специјално обележана кутија наменета за наградната игра како втор начин.


И за двата начина на учество во наградната игра е потребно да се исполни условот од минимален износ на нарачка од најмалку 1,999 денари + ДДВ.

По направената нарачка (од минимален износ од најмалку 1,999 денари + ДДВ) на веб-страната, секој купувач ќе добие потврда на сопствената електронска пошта дека нарачката е успешно направена и во истата ќе биде наведен единствениот број на нарачка со која купувачот ќе учествува во наградната игра.

По реализираната нарачка на физичките локации на Матица Македонска, секој купувач ќе добие награден купон на кој ги внесува податоците за: име, презиме, телефонски број за контакт, е-маил и број на фискална сметка при што пополнетиот купон го внесува во специјално обележана кутија за наградната игра во физичките простории на Матица Македонска, а фискалната сметка ја задржува за себе и има обврска да ја приложи во случај на добивање на една од наградите од наградната игра.

НАПОМЕНА: Не е дозволено групирање на износите на поединечни фискални сметки за да се достигне потребниот минимален износ од најмалку 1,999 денари + ДДВ за да се стекне право на учество во наградната игра.

5. Територија на која се приредува наградната игра, односно на која се врши уплатата за учество во наградната игра

Наградната игра се приредува на целата територија на Република Северна Македонија.

6. Податоци за наградите во наградната игра и вкупниот фонд на добивка и поединечни вредности на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди, искажани во денари

Наградите во наградната игра „33 години, 99 награди Матица Македонска“ се следни:

Тип на наградаКоличина
Патување во Тоскана и Чинкве Тере (автобус) за 2 лица + 3 ноќи во Монтекатини + водич1
Полици15
Брендирани шолји25
Брендирани торби25
Вредносен ваучер од 1000 денари11
Вредносен ваучер од 2000 денари11
Вредносен ваучер од 3000 денари11
Вкупен фонд99 награди

Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

7. Услови за учество во наградната игра

Право на учество во наградната игра „33 години, 99 награди Матица Македонска“ имаат сите лица над 18 години на територија на Република Северна Македонија, кои нарачале производи од веб страната на Матица Македонска со износ најмалку од 1,999 денари плус ДДВ или купиле производи во физичките локации на Матица Македонска со износ најмалку од 1,999 денари плус ДДВ на издадена фискална сметка и ќе пополнат награден купон што ќе го остават во специјално обележана кутија за наградната игра поставена на физичките локации во времетраењето на наградната игра од 15.12.2023 до 29.02.2024 година.

8. Тек на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра

Потенцијални добитници на наградите од наградната игра ќе бидат сите купувачи кои реализирале онлајн нарачка на веб страната или купувале во физичките локации на Матица Македонска и пополниле награден купон во минимален износ од 1,999 денари од 15.12.2023 од 00:00 часот до 29.02.2024 до 00:00 часот.

Со учество во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и ја изразуваат својата согласност за прифаќање на истите. Малолетни лица немаат право да учествуваат во наградната игра.Секој учесник во наградната игра е должен да ја чува електронската верзија од генерираната фактура што е автоматски испратена на електронската пошта на учесникот која го содржи единствениот број на нарачка и фискалната сметка која е издадена за наградниот купон што е претходно оставен во специјално обележаните кутии во физичките простории на Клуб Матица.
 

Едно лице, во наградната игра, може да учествува неограничен број пати но со користење на различни единствени броеви на нарачка на веб страната на Матица Македонска и пополнување наградни купони сместени во наградната кутија по основ на издадена фискална сметка во физичките локации која го задоволува условот од минимален износ на нарачка од 1,999 денари плус ДДВ во период од 15.12.2023 до 29.02.2024 година.

НАПОМЕНА: Не е дозволено групирање на износите на поединечни фискални сметки за да се достигне потребниот минимален износ од најмалку 1,999 денари + ДДВ за да се стекне право на учество во наградната игра.

9. Место, време, начин, постапка и контрола на извлекување на наградите, односно на определување на добивките и добитниците

Наградната игра ќе трае започнувајќи од 15.12.2023 се до 29.02.2024 година. По изминување на овој период, извлекувањето ќе се одржи на ден 02.03.2024 во 12 часот на  Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје со користењето на компјутерска програма-софтвер базиран на напредна вештачка интелигенција за извлекување на добитници по случаен избор од базата на податоци која ќе ги содржи сите уникатни кодови по основ на генерирана фактура испратена до секој учесник кој реализиран нарачка на веб-страната и уникатен број на награден купон оставен во специјално обележана кутија на физичките локации на Матица Македонска по основ на издадена фискална сметка што ги исполнува условите за учество во наградната игра односно исполнет минимален износ за нарачка од 1,999 денари + ДДВ за времетраењето на наградната игра.

Контролата на регуларноста за извлекување на добитниците и воедно на утврдување на веродостојноста на добитниците ја утврдува тричлена комисија составена од 2 претставника од организаторот и вработени лица во МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ  и 1 претставник од Изведувачот-програмер QWEBMASTER LLC и истата е задолжена да го изработи Записнокот од резултатите од наградната игра.

10.  Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите

Во рок од 3 дена од денот на извлекувањето врз основа на Записникот од резултатите од наградната игра, добитниците на наградите ќе бидат јавно објавени на социјалните мрежи односно веб страницата на МАТИЦА МАКЕДОНСКА, https://matica.com.mk/, https://www.facebook.com/ClubMatica и https://www.instagram.com/club_matica и истите ќе бидат контактирани на телефонските броеви и известени за типот на наградата со кој се стекнале.

11. Рок во кој се врши исплатата, односно остварувањето на добивката

Исплатата на наградите се врши во рок од 60 (шеесет) дена од објавувањето на Извештајот за резултатите и за добивките од играта.

12. Начин на запознавање на учесниците во наградната игра со правилата на игра

Приредувачот е должен да ги објави правилата на игра на веб страницата на Приредувачот односно https://matica.com. Исто така, приредувачот и во тек на траењето на наградната игра постојано ќе ги информира играчите за правилата за учество преку рекламните пораки во електронските и пишаните медиуми. На телефонскиот број 02 322 1138, секој работен ден во период од 09.00 до 17.00 часот, заинтересираните можат да добијат дополнителни информации за наградната игра.

13. Рок во кој незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор

Доколку учесникот во наградната игра, смета дека е оштетен на било кој начин, има право да поднесе Приговор до Приредувачот во писмена форма на адреса Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје и тоа најдоцна во рок од 3 дена од објавата на Извештајот од наградната игра во јавните медиумите. По основ на овој Приговор, Приредувачот е должен да се изјасни во рок од 7 дена од добивањето на истиот.


Евентуално недоразбирање ќе се решава во духот на добрите обичаи и спогодбено, во спротивно надлежен е Основен граѓански суд Скопје со примена на важечките закони на РСМ.

14. Забрана за учество во наградната игра на вработените кај Приредувачот, како и членови на нивните потесни семејства

Сите вработени кај Приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства, немаат право на учество во наградната игра.

15. Одговорност

  • Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Приредувачот – МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје.
  • Со преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје спрема добитниците.
  • Приредувачот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штета или тужба кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградите.
  • Потенцијалниот учесник во оваа наградн игра рззбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
  • Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени.
  • Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околностите предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
  • Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Приредувачот нема да се смета за одговорен.

16. Прекинување на наградната игра

  • Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста Приредувачот МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје  да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја по добиена согласност од Министерството за финансии.
  • Во овој случај Приредувачот – МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, истото ќе го направи со соопштение во медиумите.

17. Обработка на лични податоци

  • Приредувачот – МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје, ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.
  • Личните податоци и тоа: име и презиме, телефонски број, улица, број, поштенски код, град, како и лична карта на увид, од добитникот се бараат заради проверка на правото за учество во наградната игра.
  • Личните податоци на добитниците нема да се користат за други цели, освен со изрична согласност на учесникот, која учесникот може да ја даде на Приредувачот – МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје.
  • Приредувачот – МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.
  • Личните податоци на учесниците во наградната игра ќе се користат само во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

18.Завршни одредби

Со исполнување на правилата за учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила се задолжителни за учесниците и истите ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерството за финансии на РСМ и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршување на наградната игра, односно завршување на рокот за подигнување на наградите.

СРЕЌНИ ДОБИТНИЦИ

Со притискање на копчето подолу може да го снимите PDF документот и да ги видите сите добитници од нашата наградна игра.