Политика за замени/враќање

Клуб Матица Инфо

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Матица ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Матица врши замена на производите само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на производ или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, Матица ќе ги врати средствата преку банката на сметката на корисникот на картичката.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена.

Во случај на поврат на производ купувачот приложува фактура и испратница за купениот производ и истиот може да го замените со друг производ.

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe неупотребуван и неоштетен во истата амбалажа во која бил спакуван. Производи се враќаат преку “Карго експрес” на адресата што ја добивате од нашите продавачи на свој трошок.

Во случај на замена/враќање на производ, купувачоте е должен да испрати маил на [email protected] заедно со документ (фактура) за предходно извршена уплата. Потоа средствата ќе бидат вратени / уплатени на трансакциската сметка на купувачот со која уплатил.

Потрошувачот има право во рок од 14 дена од прием на производот да се повлече од договорот и да бара поврат на средства или замена на производ. Тоа право може да го оствари само доколку во наведениот рок достави писмена недвосмислена изјава за својата одлука да се повлече од договорот и само доколку го врати производот на Матица во онаква состојба во каква го примил, односно неоштетен и неупотребуван заедно со примерок од фактурата, фискалната сметка или друга потврда за нарачката и платените средства. Матица Македонска има право да не ги врати паричните средства на потрошувачот доколку утврди дека производот не е во онаква состојба во каква бил испорачан до потрошувачот. Трошоците за враќање на производите се на сметка на потрошувачот, освен во случаи кога потрошувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на броевите: 02/3221138 или 070460015, или пак да ни испратите е-пошта со свои податоци (име, презиме и телефон) на [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена или враќање производот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.