А ПОТОА ЌЕ БИДЕМЕ СПАСЕНИ

390 ден

На залиха

Во април, 1992 годинаАида има едвај шест години, кога заедно со мајка си бега од војната во Босна и Херцеговина, од нејзиното мало планинско село. Да се стигне до границата со Италија значи патување во бескрајна темна ноќ, средба со непознатото, со ужасот, но таму ја чека нејзиниот татко и спасот. Аида расте во Милано и наоѓа начини како да порасне во непознатата земја, додека војната го брише единствениот свет што таа го познава. Расте во болката и збунетоста предизвикани од принудената преселба, која ги уништува животите на нејзините родители. Ниту раѓањето на нејзиниот брат, долгоочекуваното машко дете, нема да го врати мирот и среќата во семејството бидејќи тие постојано живеат во друг свет, свет што веќе не постои.

Се смени пејзажот, преку стаклатасе гледаше празна рамнина, без дрвја, и темното сонце кое не’ потеше. Некоја чудна ведрина се рашири меѓу луѓето, мајка ми ми кажадека нема уште многу, взори ќе стигнеме на последната граница.

„А потоа ќе бидеме спасени.“

Така кажа, спасени.

SKU: 037258
Категорија: