Жешкото лето во Бостон е испрекинато со низата шокантни убиства во кои богатите мажи се принудени да гледаат како нивните сопруги се малтретирани. Садистичкиот нагон завршува со киднапирање и смрт. Начинот на извршување на убиствата сугерира на еден човек – серискиот убиец Ворен Хојт, кој неодамна е отстранет од улиците на Бостон. Полицијата се сомнева дека постои послушник што е на слобода и кој се восхитува на изопачените медицински техники на лудиот, на кого толку многу му се восхитува…Барем така мисли детективката Џејн Рицоли.
Принудена повторно да се соочи со убиецот кој ја жигосал – буквално и фигуративно, таа е решена конечно да стави крај на ужасното влијание на Хојт…дури и ако тоа значи дека ќе добие уште поголем отпор од сите мажи од нејзиниот Оддел за убиства.
Најмногу од се`, Рицоли воопшто не е свесна дека и самата ќе стане цел, откако Хојт ненадејно ќе се ослободи и ќе му се приклучи на својот мистериозен брат по крв во злобната одмазда