ДРУГИОТ БРЕГ НА БОСФОР-МАТИЦА

490 ден

На залиха

Лејла е млада сопруга на секретарот на султанот Mехмед VI. Нејзината свекрва, Черкеска, ја принудува да ги почитува традиционалните обучаи, но кога во нивната куќа се вселува еден францусски офицер со своето семејство, животот уреден според строгите правила се крши на ситни парчиња. Од друга страна, капетанот на фрегатата Луј Гардел не може да им се противстави на опојните искушенија на космополитскиот град што врие од бели Руси избегани пред налетот на болшевичката  револуција. За Турците што се противставуваат на растурањето  на земјата чукнува часот на отпорот. Лејла се ангажира во борбата, и покрај стравот од непознатото, а средбата со Ханс Кестнер, археолог од Берлин лојален на Мустафа кемал, ќе и‘ го разниша животот. Разбунтуваната Анадолија тогаш станува декор на страсна забранета љубов.

SKU: 029825
Категорија: