КРВ И УБАВИНА

550 ден

На залиха

Кон крајот на петнаесетиот век, убавината и творештвото на Италија биле на исто рамниште со нејзината суровост и корупција, но никаде во толкава мера како во Рим и во самата Црква. Кога кардиналот Родриго Борџија си го купил патот до папскиот престол и станал Александар VI, него како личност не го определувале само богатството или страсната љубав кон вонбрачната љубов што ги имал туку и самата негова крв: тој бил шпански папа во град управуван од Италијанците. За да може да ликува семејството Борџија, овој харизматичен, врвен политичар со огромна љубов за животот, жените и моќта морал да ги искористи својата папска моќ и сопственото семејство на патот до успехот.

Главно оружје му бил најстариот син Чезаре, човек со студена душа и сѐ понестабилен како лучност. Подоцна овековечен во Владетелот на Макијавели, тој на татка си му обезбедувал енергија и сила. Од друга страна, ќерка му на Алекдандар, Лукреција, која обајцата многу ја сакале била најзначајното династично средство. Овој роман најмногу го следи нејзиниот животен пат низ три брака: од детска наивност до болни искуства, од пион на табла до политички играч.

Разбивајќи многу митови за Борџиите, Крв и убавина е величествено дело кое одново му даде живот на ова единствено семејство, воедно величејќи ја суровата сила на самата историја.

 

 

SKU: 034900
Категорија:
Book Author