НА БАЛ СО КРАЛОТ-МАТИЦА

299 ден600 ден

На залиха

Едно мајско утро во 1664 година на свет доаѓа едно преубаво девојче. По игра на судбината на нејзиното раѓање присуствува еден млад кралски мускетар, кој е заслепен од нејзината убавина, ја нарекува Маргерита и и‘ дава едно ветување…Ветување кое нејзината мајка Жана е решена да се претвори во вистина.

Жана одлучува со сите сили да се бори нејзината ќеркада живее пристоен живот и еден ден таа да танцува на кралскиот бал. Со раѓањето на малата Маргерита започнува семејната сага за четири генерации на одлучни жени чии судбини се поврзани со замокот во версај и со сите политички игри кои се водат таму. Секоја од овие жени: Маргерита, Јасмина, Виолета и Роза се посебни и значајни на свој начин, а нивните цврсто изградени ликови го прават овој роман дело за паметење.