ПАПАТА ЈОВАНА

369 ден600 ден

Папата Јована е сеопфатна историска драма насочена кон турбулентните настани што го карактеризираа 19 век, ограбувањето на катедралната црква Св.Петар од страна на Сарацените, пожарот во Борго кој уништи повеќе од три четвртини во Ватикан, битката кај Фонтеној, веројатно се најкрвавите и најужасните средновековни конфликти. Романот е фасцинантен живописен запис за животот во раниот среден век, ремек дело за неизвесноста и страста во чиј центар се наоѓа една  мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж, застанува на чело на Христијанската црква и во 9 век станува прва и единствена жена која ќе седне на  пресветиот папски трон во црквата Св.Петар во Ватикан.

На залиха

Овој роман е базиран врз животот на една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж, застанува на чело на Христијанската Црква и во 9 век станува прва и единствена жена која ќе седне на пресветиот папски трон во црквата Св.Петар во Ватикан.

Извонредно талентираната Јована е бунтовник. Нејзината бунтовност е насочена кон средновековните општествени структури и догми кои на жената и забранувале да чита и пишува. Кога нејзиниот постар брат ќе биде убиен при напад од страна на Викинзите,Јована ги презема неговата наметка и неговиот идентитет и заминува во манастирот Фулда каде е примена во редовите на братството. Позната под името Брат Џон Англикус, Јована се издвојува и станува еден од најголемите Христијански ученици. По многу премрежија, Јована успева да стигне во Рим, каде се заплеткува во една опасна мрежа на љубов, страст и политика. Триумфално успева да ги надмине сите ужаси и да ги искористи сите можности, па на крајот, сосема неочекувано, да застане на највисокиот трон на Христијанството.

Романот е фасцинантен живописен запис за животот во раниот среден век, ремек-дело на неизвесноста и страста во чиј центар се наоѓа една жена.