ЗАГОВОРОТ МОЦАРТ

450 ден

На залиха

Бен Хоуп одвај спасува жива глава…

Откако Ли Левлин – убава оперска дива и негова прва љубов ќе го ангажира да ја истражи таинствената смрт на нејзиниот брат, поранешен оперативец на САС се заплеткува во загатка стара неколку века. Според официјалните извори, Оливер загинал во трагична несреќа. Меѓутоа фактите не се совпаѓаат и го наведуваат на неочекувана трага од минатото – мистериозната смрт наМоцарт. Истражувајќи ги нејзините причини, открива дека славниот композитор, инаку истакнат масон, го убила таинствена група што се отцепила од тој круг. Единствените траги се наоѓаат во престарото писмо за кое се верува дека го напишал лично композиторот.

Откако ќе добијат видео-снимка како доказ за извршување на обредно жртвување, Ли и Бен сфаќаат дека таа секта се‘ уште постои и дека, за да ги зачува своите тајни, нема да се воздржува од ништо. Патувајќи низ Европа – од заспаните кули на Оксфорд, замрсените канали на Венеција, преку величествената архитектура на Виена до словенечките снежни планини – Бен и Ли мораат да го остават минатото настрана за да ја разоткријат вистината што стои зад ЗАГОВОРОТ МОЦАРТ…

SKU: 017871
Категорија: