Куќата на гласовите

Куќата на гласовите

Автор: Донато Каризи

Артиклот моментално го нема на залиха.
390 ден

Пјетро Гербер не е обичен психолог. Специјалист е за хипноза, а сите негови пациенти имаат нешто заедничко: тие се деца. Тие често поседуваат важни информации, закопани длабоково нивната меморија, детали што полицијата и судиите можат да ги искористат во истрагите.

Пјетро е најдобриот во цела Фиренца, каде е познат како „ заспивачот на деца“. Но, при повик од другата страна на светот, од колешка од Австралија која му препорачува пациент, Пјетро реагира збунето и со недоверба. Хана Хол не е дете , туку возрасна личност. Таа е прогонувана од сеќавање од детството, кое можеби не е реално. За да се открие дали тој фрагмент од сеќавањето е вистинит или е илузија, Гербер мора да ѝ помогне да го изнесе на виделина девојчето кое се‘ уште е во неа. Девојчето со многу имиња, кое заедно со своето семејство живеело на магично место, во „ куќата на гласовите “. Десетгодишното девојче кое било сведок на убиство. Или можеби не било само сведок...

Користејќи ја методата на хипноза и следејќи ги трагите добиени со повеќето сеанси, психологот Пјетро Гербер доаѓа до низа сознанија кои го водат кон разрешување на мистеријата и откривањето на некои стари семејни приказни и тајни.Читајќи го новиот роман на Каризи, ќе влезете во светот на психологијата на однесувањето на децата, нивните трауми, (не)моќта за социјализација и силната фантазија која се рефлектира на психата.

Напнат и загадочен, каков што воопшто е Каризи. Не пропуштајте го!