-
Девојчето од шестата месечина
Беше втори Јуни, точно дваесет и два часа, кога Нина стана од креветот и по обичај го турна кутриот Платон на подот, се затча кон бањата и ставајќи ја раката под вода виде дека свездата станала огромна и ја зафатила целата дланка. Црна како пекол… никогаш не била таква. “Црна звезда… знак за опасност. Што треба да направам?”, си помисли. Исплашена, се втурна во собата на тетка Кармен, која силно ја прегрна и ја натапка раката со вода натопена во розина водичка.