-
Мице
Поемата Мице ја носи ознаката на најпопуларна во поетскиот опус на Ванчо Николески. Тоа е една чудесно убава, народна и натопена со длабок хуманизам стихувана приказна, низ која поетот го изнесува незгасливот човечки копнеж за пород и потомство. Целата поема-приказна дише, со она свежина и чистота на народниот јазик, од кој поетот го зел најубавото.
-
-
-
Исти очи
Романот „Исти очи“ е потресна и филмски возбудлива приказна за детето Ангел, неговото детство, животот во суровата, но, прекрасна Клисура, како и необичната љубов и пријателство со девојчето Ана. Со многу неочекувани пресврти и психолошки неизвесни детали, писателот покажува дека „има нешто судбинско во средбата меѓу луѓето“. Тоа, можеби, би била една од основните пораки на овај читлив и динамичен роман, збогатен со прекрасни описи, живи дијалози, занимливи нарации, оригинална драматургија и етички пораки.
-
Споменка
Романот „Споменка“ од Горјан Пејревски е синоминим за првата љубов. Го читаат тинејџерите, а го обожаваат и возрасните. Се препорачува и за библиотеките, но и во секое семејство. Повестa за Споменка и Бојан, по нивната читаност и реиздавање, со години е на врвот.
-
Светлина зад ридот
Едно спарно летно попладне, пред почетокот на учебната година, сè замре. Ни птиците не испуштаа глас, немаше скакулец да скокне, ниту гуштер да шавне. Четирите деца качени на сплавот среде реката и занесени во рибарењето, не забележаа дека наближува бура. Додека заселените од молњите и задушувани од дождот што истураше се бореа со невремето, сплавот се откачи од сајлата и се пушти по реката! Како да се спасат? Дали да скокнат и да допливаат до брегот или да останат на сплавот?
-
-
Мојот звук
На Панче одеднаш ништо не му оди од рака. Не, не се тоа некои си панчевации. Со Лиле, во која е вљубен, постојано се како на клацкалка. Со татко му воопшто не се разбира. Со сестра му Лена веќе не може ни да разговара. Се кара дури и со другар му Ване. На училиште се искарa со наставничката по хемија (инаку и мајка на Лиле). Родителите го праќаат кај тетка му во Скопје на „превоспитување“. А таму, со скршена нога, од прозорецот на станот, се обидува да реши една мистерија и да им докаже на сите колку тој всушност вреди… Панче, по потешкиот пат, го открива својот звук, звукот на Лиле, звукот на татко му, на Ване, на сите околу него… Затоа што секој има свој звук.
-
-
-
Кифличката Мирна
„Како се викаш?“ „Не знам. А ти?“ „Мирна.“ „Од каде знаеш?“ „Маја ми ми кажа веднаш кога се родив.“ „А зошто мене мајка ми не ми кажа?“ „Не знам.“ Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.
-
-
-
-
-
-
-
-
-