Една ноќ, кога неговата сопруга Бри ќе исчезне од нивниот дом, без да биде повторно видена, луѓето претпоставуваат дека Ендрју сакал да се ослободи од неа, па ја убил. И покрај тоа што полицијата нема доволно докази да отвори случај против него, пријателите и соседите го напуштаат.
Шест години подоцна животот на Ендрју се враќа во нормала, а тој е со нова девојка. Кога неговата стара куќа е срамнета со земја и одново изградена, тој воопшто не е загрижен. Работите течат добро. Но потоа, еден ден, една жена која личи на Бри се појавува на нивната стара адреса, викајќи: „Каде е мојата куќа? Што се случило со мојата куќа?“, пред да исчезне исто толку брзо колку што и се појави.
А кога мрачните сомнежи повторно излегуваат на површина, иднината на Ендрју зависи од откривањето на вистината. треба да остане жив доволно долго, за да открие…