ЧОВЕКОТ ВО ЛАВИРИНТОТ-МАТИЦА

490 ден

На залиха

Бран од необична горештина ги принудува сите да го променат својот ритам на животот: сега само во мрак е можно човек да работи, да се движи и да преживее.

Во срцето на ноќта, Саманта ќе исплива од темнината од која беше проголтана. Најпосле е слободна, но и понатаму во страв за сопствениот живот. Доктор Грин е несекојдневен профилер, кој во умот на Саманта бара индиции за човекот што ја држел во заточеништво, човекот од лавиринтот.

Но, доктор Грин не е единствениот во потрага по чудовиштето. Тука е и Бруно Генко, приватен детектив со несомнен талент, кому секој нов ден му е подарок. Исчезнувањето на Саманта Андрети е негов стар случај, задача што никогаш не ја завршил, а сега има можност да се искупи и да ги поправи грешките од минатото. Тој има само една цел: да ја реши посследната мистерија, и покрај тоа што таа се одиграла одамна, иако за Саманта тоа е само од пред неколку месеци. Таа не е свесна дека човекот од лавиринтот ја држел во заточеништво долги петнаесет години. Треба да се најде чудовиштето.

SKU: 032033
Категорија: