ЛАВИРИНТ НА ДУХОВИТЕ

450 ден

На залиха

Барселона1939 година. Фермин де Ромеро Торес, откако бил отсутен повеќе од една година, едно мартовско утро се враќа дома. Во тек е Граѓанската војна и за него е исклучително опасно да биде во градот, но тој по секоја цена сака да го исполни ветувањето  што му го дал на својот починат пријател и да го посети неговото семејство. Токму кога стигнува кај нив, почнува стравотното бомбардирање на Барселона и Фермин од урнатините на станот успева да ја извлече жива само осумгодишната ќерка на пријателот – Алиса. Набргу врз градот паѓа нов бран бомби и на Алиса и’ се губи секаква трага. Фермин очајнички се обидува да ја најде, но неговите напори остануваат залудни.

Барселона, 1959 година.Маурисио Ваљс, министер за национално образование, го достигнува врвот на својата моќ. Тој е најистакнатата фигура на културната сцена во Шпанија и еден од најценетите книжевни творци на новата ера. Меѓутоа зад блескавата фигура на националниот херој се наоѓа човек прогонет од демоните на минатото, загрижен за сопствениот живот. Во мистеријата на животот на министерот се вплеткува и Алиса, девојчето од минатото на Фермин, кое исчезнало во трагичниот настан за време на војната.

 

SKU: 029131
Категорија: