МАСЛИНКАТА

550 ден

Дваесет и четири години се поминати  откако Хелена имала волшебен распуст на Кипар, каде за првпат се заљубила. Кога нејзиниот кум во наследство ќе ѝ ја остави трошната куќа Пандора, таа се враќа на Кипар, местото што некогаш го сакала, за да го помине летото со семејството. Пандора и околината околу неа идилични се како и пред тоа, и на Хелена ѝ навираат бројни сеќавања. Сепак , некои од нив не сака да ги подели со својот сопруг Вилијам и синот Алекс, кој очајнички сака да ја дознае вистината за својот роден татко. Кога случајно ќе се сретне со љубовта од младите денови, ќе се покрене ланец од настани кои воопшто не ги посакувала…

На залиха

Поминале повеќе од дваесет и четири години откако Хелена поминала волшебен распуст на Кипар, каде што прв пат се вљубила. Кога нејзиниот кум и‘ ја остава во наследство Пандора, сега трошна куќа, таа се враќа на Кипар, во местото што некогаш го сакала, да го помине таму летото со семејството.

Пандора и пејзажот околу неа се идилични исто како и порано и на Хелена и‘ доаѓаат многубројни сеќавања. Меѓутоа, некои од нив таа не сака да ги сподели со мажот Вилијам и синот Алекс, тринаесетгодишно момче соочено со промените што ги носи растењето додека очајнички сака да ја дознае вистината за својот вистински татко…

Кога Хелена случајно ќе се сретне со својата љубов од младите денови, ќе се раздвижи синџир од настани што не ги посакувала. Но таа и Алекс веќе ја отвориле вратата на Пандора и тајните почнуваат да се разоткриваат.

SKU: 032891
Категорија: