-
-
СОБАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од детството,сместен во прекрасната околина на Сафок и место каде ги одгледала своите синови, полека се распаѓа.Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука, да се продаде имотот. Но оддеднаш, се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце педесетина години порано.Борејќи се да излезе на крај со својот постар син, Сем и неговите матни бизнис-зделки, кои замалку не го доведуваат неговото семејство на улица, како и враќањето на другиот син, Ник, во Англија, Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди знае дека ако сака да го продолжи животот со Поузи , одново ќе ѝ го скрши срцето. Ова е приказна за тоа како една лага од минатото може да уништи цел живот исполнет со верувања.
-
СЕСТРАТА СОЗДАДЕНА ОД БУРА
Втора книга од серијалот за СЕДУМТЕ СЕСТРИ. Али Д*Аплиез се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за мистериозната смрт на нејзиниот татко – посвоител. Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и, следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие мистеријата на своето потекло.
-
СЕСТРАТА НА СОНЦЕТО
Електра – најубавата, најбурната и најчуствителната од сестрите Д*Аплиез, изгледа како жена која има се*, слава, богатство, убавина! Но, после веста за смртта на Тате Солт, нејзината ментална состојба се влошува и таа бара утеха во алкохолот и дрогата. Додека сите околу неа се загрижени за нејзиното здравје, Електра добива писмо од непозната личност која тврди дека е нејзина баба…
-
АНГЕЛСКО ДРВО
Поминале 30 години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа сместена на падините на Мотмутшир. Но, кога се враќа за Божик, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место – резултат од ужасната несреќа која затемнила и избришала две децении од нејзиниот живот. А, потоа за време на една прошетка низ зимскиот пејзаж, таа наидува на гроб во шумата.Избледениот напис на надгробната плоча нагризана од времето ѝ открива дека тука почива мало момче…
-
-
СЕНКИ ОД МИНАТОТО
Емили де ла Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствена наследничка на домот со огромен имот на југот во Франција. Емили , ја има својата приказна. Ја има сопствената тага и радост, како секој од нас. А, кога ќе почне да „копа“ по трагите, ќе излезат живи слики, емоции, сеќавања…
-