ЖЕНАТА ОД ПАРИЗ

490 ден

На залиха

Светот на Антоанета е уништен: нејзиниот сопруг, единствениот маж што го сакала, трагично загинува во несреќа. Тој беше нејзината карпа, човекот кому му се обраќаше кога и‘ требаше љубов и поддршка, човекот кога го знаеше подобро од себеси. Или барем така мислеше. Присуството на мистериозна русокоса меѓу ужалените на погребот на лорд Фремптон ги изненадува сите. Кога таа, Федра Чанселор, открива дека е ќерка на Џорџ Фремптон и дека е наведена во неговиот тестамент, изненадувањето преминува во шок. Сепак, ја прифаќаат последната волја на Џорџ.

Федра, со својот оптимизам и животна мудрост успева да внесе свежина и да ги олабави затегнатите односи во семејството Фремптон. Со текот на времето, ја прифаќаат како ќерка, сочуствителна внука, сестра. И додека сите уживаат во друштвото на новодојдениот член на семејството, Федра се бори со товарот на голема тајна, чие откривање би можело повторно да ги растргне.

Дали нејзиното зближување со Фремптонови е искрена потреба за семејна топлина или резултат на ниски страсти?

SKU: 035120
Категорија: