Во книгата „Златното јаболко и други бајки“ се објавени следните четири бајки: „Волшебниот пат до златното јаболко“, „Писмо до чичко Лом – најголемиот светски сом“, „Од Никаде до Никаде“ и „Мајката Сведзалија и нејзините дванаесет звездички“. Во сите нив е присутна еколошката тема, преку која авторот проговорува за новиот современ, урбан и брз живот полн со предизвици и изненадувања. Писателот е обземен од сегашното живеење во градот, но истовремено се навраќа и на случувањата и спомените од детството поминати во село. Во тој волшебен спој и круг, всушност, се одвиваат и течат неговите бајки каде главни јунаци се токму децата соочени и во дијалог со родителите, но и воопшто со светот на возрасните. Бајките учат и подучуваат што е добро и што лошо, да се разликува убавото од грдото и да се издвоива вистинското од лажно. Но, бајките во оваа книга, колку и да се надреални и фантастични, тие како да се случуваат во стварноста, искрени се и доживеани, па дури би рекле и дека се единствени и неповторливи. Тие не се само авторски доживеалици, ниту се само поучни приказни – иако се пред сè тоа, туку се и спомени, водичи и патокази кон подобро и посреќно утре…
Златното јаболко и други бајки
270 ден

На залиха