Грција во времето на Перикле

Грција во времето на Перикле

Автор: Роберт Фласејер

150 ден 400 ден

Старите Грци, не само оние што го населувале Балканскиот Полуостров, туку и оние од Мала Азија и од Сицилија, како и оние од Масалија (денешен Марсеј), како и црномотските градови , се сметале за крвни браќа и чувствувале дека ѝ припаѓаат на иста јазична (и покрај некои дијалектни разлики), верска и обичајна заедница, наспроти она што го нарекувале „варварски свет“ т.е. сите други народи што не зборувале грчки. Но самото име Грција - односно Елада-во стариот век никогаш немало вистинско политичко значење. Пред македонското и римското владеење, самата Грција никогаш не била единствена држава. Всушност, имало три најразвиени и најпознати градови, Атина, Спарта и Теба, кои по ред управувале со судбината на земјата, наметнувајќи ѝ и ја својата власт, а сојузите што ги склучувале тие градови не траеле долго и во ниеден миг не ги опфаќале сите грчки државички. Секоја државичка, па дури и најмалата, се стремеле за независност и поседувала сопствени политички, верски и правосудни институции, а доста често и свои посебни монети или пари, како и посебен систем на тегови и мери. 

Па, како да се опише во таа разновидност, во тоа „море“ од суверени држави, секојдневниот живот во „Грција“?

Книга што треба да се има во секоја домашна библиотека!