-
-
-
-
-
-
-
ПАПАТА ЈОВАНА
Папата Јована е сеопфатна историска драма насочена кон турбулентните настани што го карактеризираа 19 век, ограбувањето на катедралната црква Св.Петар од страна на Сарацените, пожарот во Борго кој уништи повеќе од три четвртини во Ватикан, битката кај Фонтеној, веројатно се најкрвавите и најужасните средновековни конфликти. Романот е фасцинантен живописен запис за животот во раниот среден век, ремек дело за неизвесноста и страста во чиј центар се наоѓа една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж, застанува на чело на Христијанската црква и во 9 век станува прва и единствена жена која ќе седне на пресветиот папски трон во црквата Св.Петар во Ватикан.
600 ден -
-
-
-
-
-
НЕ МОЖЕШ ДА МИ КУПИШ ЉУБОВ
Романсата, што на почетокот се одвива преку телефонски разговори, наскоро се претвора во страсна врска што ни Патрик и Мари не сакаат да ја обелоденат додека не сфатат самите што ги снашло.
330 ден -
-
-
ИСЧЕЗНАТАТА
Доктор Мора Ајлс е врвен Бостонски медицински патолог. Еден ден во нејзината болница ќе донесат почината жена.Откако Мора ќе ја отвори вреќата за да направи аутопсија на телото, мртвата жена ги отвора очите. Таа воскреснува, сета исплашена и збунета. Докторката наредува веднаш да се префрли во болница и да ја добие потребната натамошна нега. Но,жената во болницата го убива работникот од обезбедувањето и зема заложници, од кои една е бремена, детективката Џејн Рицоли, која само што не се породила.
Мила, е црвенокоса девојка од Белорусија дојдена во Мексико.Измамена, таа е внесена во шема со проституција. Нејзината приказна е тажна и од ние кои ви го кршат срцето. Заедно со неколку други девојки донесена е во Америка каде што ја чуваат во куќа со решетки на прозорците.Нејзината судбина се лизга надолу, од миг во миг. И додека напнатите часови изминуваат, доктор Мора заедно со сопругот на Џејн, агентот на ФБИ, Габриел Дин, се обидува да го открие идентитетот на убиецот. Овој случај е многу посложен од обичното заложништво, а Џејн е единствената која ги држи клучевите на мистеријата…ако ја преживее ноќта.
Сите овие три жени се заглавени во опасна ситуација. Но која е оваа насилна, очајна душа и што навистина сака таа откријте во овој несекојдневен, напнат, воодушевувачки трилер.
450 ден -
-
ГРОБОТ НА ПЛАНИНАТА
Уште едно прекрасно дело од серијалот за криминалистичкиот профајлер Себастијан Бергман. Ова е приказна за две жени кои планинарејќи ќе се загубат откривајќи коски од човечка рака. Локалната полиција пристигнува на местото на злосторството, но не наоѓа едно туку шест тела. Помеѓу скелетите се и две деца, сите убиени со истрели во главата. Не постои сведок, нема траги и никој не пријавил исчезнување.Истрагата ја презема Торкел Хеглунд, а повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да пронајдат трага, некој на висока положба по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…
550 ден -
ОД ИМЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО
Оваа книга одразува турбулентен историски момент и ги остава настрана митовите за да го оживее семејството Борџија: комплицирано, сурово, страсно и величествено. Пред нас е возбудливо патување низ последните години на династијата Борџија, и тоа во друштво на младиот дипломат Николо Макијавели.
550 ден -