Судењето на Исус од Назарет

Судењето на Исус од Назарет

Автор: С.Г.Ф.Брандон

150 ден 300 ден

Судењето на Исус е историски настан што се одвивал во одредено време и место вклучувајќи други историски личности, покрај главната. Но, исто така, има и религиозно значење бидејќи главната личност била сметана за божество. Документите за судењето претставуваат дел од светата литургија. Затоа, секој обид за вреднување на судењето на Исус бара разбирање на теолошките идеи и погледи како на повидливите фактори што влијаат врз животот на човекот. Токму од тие причини, авторот на оваа студија, иако таа има строго историски пристап, прави усилби, да проникне и во теолошкото видување на овој настан. На крајот од својата студија авторот ги дава и четирите христијански евангелски верзии на судењето на Исус коишто во основа се автентични, но со некои незначителни разлики. Тие ги содржат единствените извори за современите, или речиси современите податоци за судењето на Исус. Сепак ниту една од нив не нуди објективно претставување. Авторот на оваа книга прави детална анализа на секоја од овие приказни, настојувајќи, притоа, да го претстави тоа што е можно појасно и поконцизно.