Последниот испит

Последниот испит

Автор: Михаел Јорт, Ханс Розенфелт

Артиклот моментално го нема на залиха.
390 ден

Во една напуштена училишна зграда пронајдено е безживотно тело на реалити ѕвезда. Жртвата е врзана за стол и свртена со лицето кон аголот на собата.Неколку листови од хартија со прашања се закачени за грбот на нејзиниот стол.Судејќи според бројот на неточни одговори, жртвата паднала на најважниот испит.

Убиството е прво од неколкуте што следат, таргетирајќи различни личности од медиумите.За нивно брзо разрешување повикано е Одделението за криминални истраги, на чело со неприкосновениот Себастијан Бергмен. Тие се борат да пронајдат докази, а Себастијан открива траги во „собите за разговори“ како и анонимни писма објавени во весниците. Авторот на анонимните писма се жали на недостатокот на образование кај новите модели на генерации. 

Себастијан решава да го надмудри убиецот, па го предизвикува на анонимна преписка, но наскоро му станува јасно дека неговиот безличен противник знае многу повеќе за убиствата, информации кои освен полицијата може да ги знае само убиецот.

Едноставно,неизвесно до последната страница.