РИБАРИТЕ

199 ден550 ден

На залиха

Рибарите е силна, прогонувачка, митска приказна за братството, љубовта и лудилото. Икена, Боџа, Обембе и Бен се четворица браќа од шесте деца на семејството Агву во Акуре, Нигерија. Откако нивниот татко ќе замине да работи во друг град, доста далеку од домот, неговото отсуство момчињата го користат да го избегнат училиштето и да одат на риболов. На блиската застрашувачка и забранета река тие го среќаваат опасниот маалски лудак Абулу кој го убедува најстарото момче дека му е судено да умре од рацете на еден од неговите браќа.

Дали пророштвото може да биде причина за сите пресврти што ќе им се случат? Таа необична средба ќе предизвика неочекуван и речиси митски редослед на настани, чии трагични и избавувачки последици ќе ги надминат животите и имагинациите на хероите и читателите.

Впечатлива и инстинктивно моќна, приказната за Рибарите има голема универзална привлечност која останува постојано во Акуре. Гледано низ призмата на судбината на едно семејство, ова е важен роман за Африка со сите нејзини противречности – економски, политички и религиозни, а особено епската убавина на нејзината култура. Со овој храбар роман Чигози Обиома се издвојува како еден од најоригиналните нови гласови во современата африканска литература, додека неговата бесстрашност и решителност се` уште зрачат со маестралното раскажување на постарата генерација.