Уште едно прекрасно дело од серијалот за криминалистичкиот профајлер Себастијан Бергман. Ова е приказна за две жени кои планинарејќи ќе се загубат откривајќи коски од човечка рака. Локалната полиција пристигнува на местото на злосторството, но не наоѓа едно туку шест тела. Помеѓу скелетите се и две деца, сите убиени со истрели во главата. Не постои сведок, нема траги и никој не пријавил исчезнување.Истрагата ја презема Торкел Хеглунд, а повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да пронајдат трага, некој на висока положба по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…