СЕСТРИ НА СОНЧОГЛЕДИТЕ

455 ден650 ден

На залиха


Бестселерот на Марта Хол Кели – Јоргованот секогаш цвета по зимата, кој се продаде во милиони примероци, на читателите им ја претстави Каролин Феридеј. Сега во Сестри на сончогледите , Кели ја раскажува приказната на предокот на Феридеј, Џорџијана Вулзи, медицинска сестра на Унијата во текот на Граѓанската војна, чиешто занимање ја доведува до Џема, млада робинка продадена па регрутирана во армијата, како и до Ен-Меј Вилсон, господарка на плантажа на југот, чијшто сопруг се пријавува да се бори во војната.

Џорџијана Вулзи не е создадена за свет од раскошни забави и воздржани ставови на жените од нејзинот ранг. Така, кога војната ќе го потпали народот, Џорџи ја следи својата страст за болничарска работа, во време кога докторите ги сметале жените на фронтот за неприлика. Сакајќи да им покажат дека не се во право, таа и сестра и` Елза тргнуваат од Њујорк во Вашингтон и Гетисбург, а вклучувајќи се во војната стануваат сведоци на невидени злосторства на ропството.

Сестри на сончогледите е книга инспирирана од вистински настани, во која е даден живописен и детален преглед на искуството од Граѓанската војна, од варварските и нехумани плантажи, се` до злосторствата на бојното поле и опустошениот Њујорк. Тоа е сеопфатна приказна за жени кои се наоѓаат во земја на работ на пропаста, во општество кое се бори со национализам и незамислива расна суровост, приказна релевантна и денес.