ЃОН

350 ден

Книга “ЃОН” од авторот Драги Михајловски.

На залиха

Во делото “ЃОН” од авторот Драги Михајловски се истргнуваат од заборав вистински настани и судбини, на кои авторот им вградува оригинален литературен белег. Со својата бујна фантазија, тој пресоздава ликови од едно блиско и возбудливо место. Тие се крај нас, во градот под Пелистер, кај Драгор и Курдерес, во Битола. Неговите херои лебдат меѓу гласот на одминатото време и гласот на времето во кое живееме. Тие се неповторливи судбини и одат по работ на замислената реалност, како по непишано правило, често се соочуваат со заблудата на животните патешествија. Ја прифаќаат живејачката како неповторливо ехо, како далечно сениште и како јасно соочување со спротивностите на времињата минати и времињата сегашни.

Достапна во нашата колекција на македонски јазик. Нарачајте го вашиот примерок денес.

ISBN:9786081011104
АвторДраги Михајловски
Издавач:Матица македонска