Нашата приказна
Матица македонска е основана во 1991 година, 45 дена пред референдумот за самостојност на Република Северна Македонија. Нејзин основач и сопственик е поетот Раде Силјан. Како една од првите приватни компании од областа на културата во Македонија, започна со неколку наслови од македонското културно наследство и етнологија..
Наша мисија.
Нашата мисија е да го негуваме македонското книжевно и културно наследство и да ја поттикнеме љубовта кон книгата и знаењето.
Квалитет и традиција.
Квалитетот и традицијата се темелите врз кои ја градиме нашата репутација. Секое издание носи грижа за деталите, почит кон авторот и посветеност кон читателот.
Наше наследство.
Од првите изданија до денес, Матица е чувар на македонскиот дух и културен идентитет. Продолжуваме да градиме вредности што ќе траат и во иднината.
Клуб Матица
35 Години Матица македонска
Со гордост одбележуваме 35 години успешно работење и придонес кон македонската книжевност и култура
Нашите продавници
Продавница 1
Булевар Климент Охридски бр. 23
Скопје, Македонија
Понеделник-петок 8-21ч.
Сабота 9-16ч.
Продавница 2
Тестамент
Татко со години
Ја криеше тајната
За богатството наше
Но кога си замина
Од земниот свет
Во ковчегот стар
Со катинар затворен
Ни оставил писмо
Во кое пишуваше
Кога ќе градиме нова куќа
Да внимаваме на аголните камења
И кога решивме на старите темели
Да изградиме ново живеалиште
Машки засукавме ракави
Првин покривот го урнавме
Потоа ѕидовите
И на крај дојдовме до темелите
Ги најдовме аголните камења
А меѓу нив земјен ќуп
Скапоцена реликвија
На поклопчето пишуваше:
Три дена и три ноќи
Да не го отвораме ќупот
По тој среќен миг
Три дена и три ноќи
Мечтаевме за скриеното азно
Сонувавме бисерни ѓердани
И златни монети
Четвртиот ден
В рани зори
Кога го отворивме капакот
Во големиот земјен ќуп
Го најдовме тестаментот
На јагнешка кожа
Со крупни букви
Татко ни завештал
Чувајте ги тапиите
Од лозјата и нивите

