Без оглед на тоа дали го сакаме или го мразиме Зигмунд Фројд, сите мораме да признаеме дека тој револуционерно го измени начинот на кој размислуваме за себеси. Оваа револуција во голем дел може да се следи назад до неговите Толкување на соништата, дело од преминот од XIX во ХХ век во кое ги изнел основните контури на неговата теорија на несвесните сили во контекстот на анализата на соништата. Воведувајќи ги поимите id и superego и нивното проблематично дете, заедно со поимот – ego, Фројд безмерно го унапредил научното сфаќање на умот, со тоа што ги разоткрил мотивациите што вообичаено се невидливи за нашата свест. Модерната медицина ја направи психоанализата помалку популарна отколку во нејзините најсветли денови, но влијанието на фројдијанската тероија врз нашата цивилизација никогаш нема да може да се пренебрегне. Во оваа книга, Зигмунд Фројд се обидел да ги образложи методите и резултатите на толкувањето на соништата и правејќи
го тоа, тој не смета дека ги пречекорил границите на невропатолошката наука. Затоа што психолошкото истражување на сонот покажува дека тој е првата во низата абнормални психички формации, која што се состои од членови какви што се хистеричните фобии, опсесиите, илузиите, кои од практични причини го бараат вниманието на лекарите. Фројдовската револуционерна теорија засекогаш го измени начинот на нашето размислување. За Толкувањето на соништата, првпат објавена во 1900 година, Фројд напишал во 1931 година: „Книгата ги содржи, дури и според моите денешни согледувања, највредните откритија до кои имав среќа да дојдам. Тоа на човек може да му се случи само еднаш во животот.”
Толкување на соништата – ТОМ 2
450 ден
Без оглед на тоа дали го сакаме или го мразиме Зигмунд Фројд, сите мораме да признаеме дека тој револуционерно го измени начинот на кој размислуваме за себеси. Оваа револуција во голем дел може да се следи назад до неговите Толкување на соништата…
На залиха



