Гол ручек

290 ден

Од првото објавување во Париз во 1959 година, Гол ручек стана еден од најзначајните романи на ХХ век, книга што ја редефинира не само литературата, туку и целата американска култура. Дрогата, хомосексуалноста, сексот, талкањето, алиенацијата и смртта…

На залиха

Од првото објавување во Париз во 1959 година, Гол ручек стана еден од најзначајните романи на ХХ век, книга што ја редефинира не само литературата, туку и целата американска култура. Дрогата, хомосексуалноста, сексот, талкањето, алиенацијата и смртта се постојани теми во делата на Бароуз, но тие маестрално се обработени токму во Гол ручек.

Романот нуди моќно патување во најмрачните длабочини на човековата психа. Тоа е вознемирувачка приказна за слегувањето во пеколниот свет на еден зависник од дрога додека патува од Њујорк во Тангер, а потоа во Интерзоната, кошмарна урбана пуста земја во која силите на доброто и на злото се натпреваруваат за контрола врз поединецот. Бароуз умешно ги комбинира настаните во романот, кои се случуваат во стварноста, за да се лизнат веднаш во просторот на халуцинацијата, уривајќи ги бариерите меѓу сонот и јавето, реалноста и фикцијата, стварноста и илузијата.

ISBN:9786082234205
АвторВилијам Бароуз
Издавач:Магор