Браќата Карамазови – Том I

1,200 ден

Браќата Карамазови се смета за едно од најврвните достигнувања во светската литература, најголемото и најесeопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.

Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија.

На залиха

Браќата Карамазови се смета за едно од најврвните достигнувања во светската литература, најголемото и најесeопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.

Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија. Романот покренува длабоки етички дебати за природата на Бог, слободната волја и моралот. Тоа е еден вид спиритуална драма за моралните борби поврзани со верата, сомнежот, судењето и разумот, со заплет кој се одвива околу прашањето за убиството на таткото.

Исполнет со страст, страдање, алчност, љубов, љубомора, тага и хумор – романот на Достоевски истовремено претставува и филозофска и теолошка расправа, и врвна психолошка анализа на природата на човекот.

ISBN:9786082234861
АвторФјодор М. Достоевски
Издавач:Магор