Од Алисон Ричман, една од најпродаваните авторки, ни доаѓа љубовна приказна, приказна за еден дух и елегија за исцелителната моќ на книгите, совршена за читателите на Личната библиотекарка и Жената во библиотеката.
Хари Вајднер се качува на Титаник, стискајќи ја цврсто непроценливата книга што неодамна ја купи во Лондон. Откако хаосот ќе го погоди бродот, последните познати зборови на Хари се дека мора да се врати во својата кабина и да си го земе богатството. Ама, никој веќе нема да ги види ни младото момче ни книгата. Во негова чест, мајка му ја гради Меморијалната библиотека Хари Вајднер на Харвард, за да го зачува споменот на својот син и да ја смести неговата обемна збирка книги.
Децении подоцна, Вајолет Хачинс, студентка во втора година на Харвард, закрепнува од сопствена голема загуба, па почнува да работи во библиотеката Вајднер како помошник. Кога ќе почнат да се случуваат чудни работи – книги да паѓаат од полиците или сами од себе да се отвораат на случајни страници – Вајолет почнува да се прашува дали можеби духот на Хари од другиот свет се обидува да ѝ ги пренесе деловите од неговата историја што недостигаат.



