Будење на позитивната енергија

550 ден

Барањето за будење на позитивната енергија е составен дел на современата широкострана етика на човештвото и знак дека човекот не се предава пред негативните состојби, туку може, и има сили, да пронајде пат за своја и туѓа среќа.

Нема на залиха

Барањето за будење на позитивната енергија е составен дел на современата широкострана етика на човештвото и знак дека човекот не се предава пред негативните состојби, туку може, и има сили, да пронајде пат за своја и туѓа среќа.

Книгата „Будење на позитивната енергија” е знак и за зрелоста на авторот, проф. д-р Зоран Крстевски, кој со длабоката филозофска и психолошка опсервација на една мошне важна тема, му понудува на читателот сознание дека треба да владее со самиот себе и да ги открива позитивните вредности во нивната полнота. Книгата е голема школа за оние што не знаат да се однесуваат како што се очекува од зрела личност, а истовремено е училница за секој што бара афирмативни насоки и добри решенија за своите проблеми.

Проф. д-р Зоран Крстевски е познат и признат автор, кој максимално се истакнува со својата креативна ориентираност, со мудрата проникливост и со позитивниот дух на дејствувањето. Неговата научна посветеност кон откривањето на тајните и вредностите на постоењето е пример за врвно изградена личност, за извонреден мислител и за одличен писател чии дела се на располагање на сите нас, неговите читатели и почитувачи. Му честитаме на професорот за уште едно исклучително дело, кое несомнено ќе предизвика голем интерес кај читателската публика.