Зборувате ли македонски? е почетен курс за македонски јазик за странци. Целта на курсот е да ги доведе изучувачите до едно ниво на коешто тие слободно и со самодоверба ќе можат да го употребуваат македонскиот јазик во секојдневна комуникација и ги опфаќа нивоата А1, А2 и Б1. Учебникот содржи лекции, вежби, граматички објасненија, македонско-англиски речник и цеде со материјал за слушање.
Основни карактеристики:
• комуникативен методолошки пристап, т.е. создавање ситуации блиски до реалните, кои ќе ги стимулираат изучувачите да зборуваат македонски;
• обединување на четирите јазични вештини: слушање, читање, зборување и пишување;
• јазик којшто е природен, жив и применлив;
• развивање течност и точност во изразувањето.



