Три Марии

350 ден

„Три Марии“ е трет роман за возрасни на Оливера Ќорвезироска, по „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“. Тој е внимателно осмислен омаж на Славка Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело.

На залиха

„Три Марии“ е трет роман за возрасни на Оливера Ќорвезироска, по „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“. Тој е внимателно осмислен омаж на Славка Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело. Авторката поетички сака да се наддоврзува на своите претходници, па оттаму доаѓаат и игривото варирање на насловот на романот на Јаневски „Две Марии“ од 1956 година, и именувањето на еден од машките ликови само со Славка, и присуството токму на тој роман на полиците во станот.

„Три Марии“ содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните животи поради грешна љубов. Своја или туѓа. Она што ги обединува во романескна структура е токму станот што се издава и што сите три сакаат да го изнајмат, барајќи спас во него

ISBN:9786082800950
АвторОливера Ќорвезироска
Издавач:Арс Ламина