Секој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа.
Зависноста е самотно место. Кога ја отстрануваш од своите навики, не се „откажуваш“ од ништо. Откажувањето подразбира некаква загуба. Во овој случај, ти имаш само придобивки.
Научи како да имаш целосна контрола врз својот живот. Потребен ти е само лесниот метод на откажување – не само од пушењето туку и од сите негативни навики што му штетат на твоето здравје. Алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер… сè што создава зависност.
Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди, престанал да пуши без никаква мака, без употреба на цврста волја и без да се здебели. Така го открил лесниот начин за откажување од пушењето и почнал да го шири низ целиот свет претворајќи го во своја мисија. Тој го разоткрива митот дека пушачите уживаат во пушењето, дека тоа е личен избор, дека ослободува од стрес и опушта. Тoj ни покажува што точно стои зад сето тоа – вистинските причини поради кои луѓето почнуваат да пушат и не престануваат, како и јасен метод за брзо и безболно откажување.
Објавена на 40 јазици и продадена во над 14 милиони примероци, оваа книга е светски бестселер токму заради нејзината моќ. Зошто да не ја примениш и ти?



