Посебна вредност во романот „Климент Охридски“ претставува мајсторски водениот дијалог. Тоа е резултат на авторовото драмaтуршко искуство.
Кај нашиот народ Климент Охридски е познат како светец и просветлител. Томе Арсовски го отсликува и како реална историска личност, како човек со посебни дарби и прв словенски епископ на нашиве простори, како блескав оратор, поет и хуманист чии житија и пофални слова звучат химнично, како дотогаш невидени поетски креации во духовното творештво…
На извонредно сликовит начин и со голема галерија колоритно извајани ликови, писателот во романот го оживува драматичното време на Самоиловото царство, но и носталгијата по златната епоха на великиот Климент Охридски.



