Умешноста на заедничкото родителство

800 ден

Авторката на најкоментираните водичи од серијалот „Мудар родител“ е повторно актуелна, овој пат со нова книга која содржи алатки за родителите кои минуваат низ развод, а која ќе им помогне да создадат добро опкружување за нивните деца, не само во миг…

На залиха

Авторката на најкоментираните водичи од серијалот „Мудар родител“ е повторно актуелна, овој пат со нова книга која содржи алатки за родителите кои минуваат низ развод, а која ќе им помогне да создадат добро опкружување за нивните деца, не само во миговите кога врската меѓу родителите се раскинува туку и во подоцнежните години. Пропаста на еден брак не е крај, туку почеток на нов живот кој ќе влијае на иднината, не само на децата туку и на возрасните во семејството.

Како ќе се погрижите дека ќе останете среќно семејство дури и ако живеете во два дома?

Како најдобро да му ги соопштите овие промени на вашето дете?

И каков родител ќе станете кога животот повеќе нема да биде онаков каков што претходно сте мислеле дека ќе биде?

Начинот на кој родителите се справуваат со меѓусебната разделба има директни последици за животот на детето. Оваа книга е идеална како помош за родителите кои сакаат да соработуваат меѓу себе на најдобар можен начин, како и за сите „нови“ возрасни личности кои подоцна можеби ќе влезат во детскиот живот. Притоа, секогаш треба да се земе предвид тоа што е најдобро за детето.

SKU: 039036
Категории:,
ISBN:6082437675
АвторХедвиг Монтгомери
Издавач:Антолог