Трудот…претставува сериозен прилог кон расветлувањето на евидентните естетски вредности на оваа носија со јасно издиференцирано локално обележје — показател на етничката посебност на населението познато под етнонимот Мариовци.
Највисоките уметнички дострели во македонската носија А. Крстева ги гледа во нејзината везбена декорација, особено онаа кај женските кошули…Во таа смисла, како најистакнат познавач на народниот вез кај нас, А. Крстева мошне студиозно и убедливо се задржува на разните видови орнаменти, нивното потекло, нивната декоративна форма и симболично значење…
Со овој труд, како досега и овој пат Ангелина Крстева го потврдува своето големо истражувачко и резултатно искуство од посебен интерес за македонската етнолошка наука.



