Како понорница што ги пробива тромбовите во темната земја, така нараторот нè носи низ мрачните предели на својата душа, додека лунѕајќи во ноќта се обидува да ѝ се скрие на тагата. И кога нерасчистеното минато по многу години ќе упадне во сегашноста, пред нас се отвора еден свет што не е сосем личен, туку е заеднички, како што е заедничка несреќата на ликовите на Достоевски, кој е неслучајно ехо во овој роман.
„Кривата Дијана“ е роман на актуелниот момент, кој трае повеќе од три децении во мерливо време, а многу подолго кога се мери со кантарот на погрешните постапки на секој член на заедницата. Ова е четиво за колективната несреќа што ја перпетуира верижната вина на секој од нас кој премолчел, потклекнал и превидел кога требало да се испречи пред туѓите човекови слабости.



