Ако некогаш сонуваш високатница – ја сонуваш токму зградата на месеците од овој роман. Во неа се живее како насекаде – со смеа, гушкање, плукнати змијулчиња (што?!), но и со неправди, каранци, лутење, осаменост. Ако мислеше дека не можеш да смениш ништо, со оваа книга можеш да смениш сè – и во соновите и во светот.
Во својата прва книга и за мали, а не само за големи, Димковска ги спојува традицијата со современоста, народните приказни со Четџипити, Јутјуб, Инстаграм… – и создава урнебесен роман што слатко ќе те насмее и длабоко ќе те замисли. Дали секој од нас понекогаш не е „тринаесеттиот“?
„Тринаесеттиот на Лидија Димковска ќе ве изненади во секој поглед! Не само затоа што претставува неочекувано и длабоко нурнување на авторката во литературата за млади, туку и поради флуидноста на жанрот (фантастика и бајка), поради ‘прачетовскиот’ хумор и бруталното соочување со темите што се неодставен дел од современото општество.“ Билјана Црвенковска
„Кога би воделе дневник и би ги запишувале одговорите на прашањата што авторката ги поставува, секој/а читател/ка би создале нов роман. Роман што раѓа романи.“ Анита Бошкова Доковска



