Тахсин Узер бил висок османлиски управник од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а најголем дел од својата служба ја минал во Македонија. Бил цивилен управник во Разлог, Гевгелија, Драма, Енице Вардар, Лерин, Солун и во други места.
Мемоарите нудат интересен опис на значајни настани во Македонија, пред сè во текот и по Илинденското востание, а во некои непосредно учествувал. Дава детал-ен опис на пошироката внатрешна и надворешнополитичка ситуација, во чии рамки се одвивале комитеските, востаничките активности и Балканските војни, во полити-ката на султанот Абдулхамид, мешањето на големите сили, младотурските востаници активности, превира-њата во Турција, активностите на грчките и четите на врховистичката и централистичката ВМРО… Со изне-сените податоци, сознанија и анализи овој мемоарски труд претставува значаен придонес и за македонската историографија.



